Претседателот на руската Дума: Американското оружје испратено во Украина заврши кај неонацистите

Сподели со своите пријатели

Претседателот на руската државна дума Вјачеслав Володин изјави дека американскиот Конгрес треба да го отповика американскиот претседател Џо Бајден „бидејќи американското оружје доставено до Украина завршило кај неонацистите од баталјонот Азов“, пренесува руската новинска агенција Тасс.

„Оружјето испорачано во Украина завршува во неонацистички баталјони, вклучувајќи го и Азов“, рече Володин на Телеграм.

 

Русија врачи протестна нота на американскиот амбасадор поради изјавата на Бајден дека Путин е воен злосторник

 

„Тоа е причината поради која Бајден беше отповикан. Тој го прекрши законот“.

Тој додаде дека во 2017 година американскиот Конгрес донесе закон за распределба на Пентагон, со кој „се забранува финансирање на активностите на баталјонот Азов, нарекувајќи го неонацистичка група“.

„Вината за крвта на цивилите, пролеана од неонацистите од Азов, е на американскиот претседател. Тоа е прашање за Хашкиот трибунал“, рече Володин.

 

Има загинати во падот на Боинг 737, потврди кинеската авиокомпанија

 

Володин: Азов е составен од радикални националисти и платеници

Според Володин, Азов се состои од радикални националисти и платеници кои „спроведуваат казнени операции против населението што зборува руски“.

Азов, рече тој, бил означен како екстремистичка организација и забранет во Русија.

Според Тасс, Володин рекол дека Бајден потпишал 800 милиони долари воена помош за Киев во март оваа година, а вкупната американска поддршка за Украина изнесува повеќе од 2 милијарди долари.

 

САМО ПРАШИНА: Фотографии пред и по бомбардирањето на трговскиот центар во Киев (ФОТО)

 

„Американскиот Конгрес мора да го отповика Бајден. Мора да ги укине двојните стандарди и да го повика американскиот претседател Бајден на одговорност“, рече Володин.