Русија врачи протестна нота на американскиот амбасадор поради изјавата на Бајден дека Путин е воен злосторник

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за надворешни работи го повика денеска американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан и му врачи протестна нота против неодамнешната „неприфатлива“ изјава на американскиот претседател Џозеф Бајден за рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ТАСС.

Бајден минатата недела рече дека Путин е „воен злосторник“ затоа што испратил војници во Украина.

 

САМО ПРАШИНА: Фотографии пред и по бомбардирањето на трговскиот центар во Киев (ФОТО)

 

Според руското министерство, коментарите на Бајден ги доведоа билатералните односи до точка на пукање, а Москва реципрочно ќе одговори на непријателските акции на Вашингтон.

МСП посочува дека „ваквите изјави на американскиот претседател, недостојни за толку висок државник, ги доведуваат руско-американските односи на работ на нарушување“.

 

„Газпром“ тврди дека редовно испорачува гас за Европа преку Украина

 

„Предупредивме дека непријателските акции преземени против Русија ќе добијат решителен и цврст отпор“, се вели во соопштението.