„Сите мора да имаат еднакви права и можности. Без дискриминација, со прифаќање на различностите. Со еднаков третман и нега од страна на локалната власт и државата. Денешниот Светски ден на лицата со даунов синдром 21 март е потсетник дека од тој пат не смееме да скршнеме. нашата обврска, но и заложба е да овозможиме попристоен и подобар живот за секој граѓанин во Куманово.“ Ова го порача градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски по повод денешниот Светски ден на лицата со даунов синдром 21 март.
Димитриевски истакна дека само заеднички може да се направат промени на подобро и верува дека денешниот ден ќе биде поттик активно да се работи
на тој план – Куманово на сите граѓани.