Во главниот град на Украина, Киев е воведен нов полициски час.
Полицискиот час ќе биде од вечерва во 20.00 часот по локално време до 07.00 часот во среда, напиша на Телеграм градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.
Русија: Со крстаречки ракети го погодивме центарот за обука на странски платеници
„Ги повикувам сите да останат дома или во засолништа, кога ќе се огласат сирените“, рекол Кличко, пренесува Би-Би-Си.
Киев, град на реката Днепар, има околу три милиони жители.
Градот денеска повторно беше ракетиран, а погоден е трговскиот центар. Локалните власти соопштија дека загинале најмалку четири лица.
Кличко: Осум лица загинаа, тројца во критична состојба по руското ракетирање на Киев
Трговскиот центар, кој се наоѓа меѓу високи згради, е срамнет со земја и од него утрово се уште излегува чад, а од силината на експлозијата се скршени сите прозорци на блиската висококатница, соопштија локалните власти.
Си-Ен-Ен наведува дека Службата за вонредни ситуации соопштила дека пожарот го гаснеле 11 единици, со вкупно 63 пожарникари.