Италија планира да смести стотици илјади луѓе кои бегаат од руската инвазија на Украина на поранешните мафијашки имоти.
Само во 2021 година Италија заплени имот во вредност од 1,9 милијарди евра што им припаѓа на членовите на мафијата.
Русија: Со крстаречки ракети го погодивме центарот за обука на странски платеници
Поради огромниот број украински бегалци, Италија нашла начин да искористи дел од тој конфискуван имот, пишува порталот Time Out.
Се очекува да пристигнат стотици илјади бегалци
Според TheMayor.eu, повеќе од 17.000 Украинци пристигнале во Италија од почетокот на конфликтот, а се очекува да пристигнат и повеќе.
За денеска се договорени осум коридори, но не и од опколениот Мариупол
„Ова е само почеток. Стотици илјади бегалци доаѓаат“, изјави италијанскиот политичар и поранешен премиер Енрико Лета. Министерството за внатрешни работи вели дека процесот на пренамена на поранешните мафијашки куќи е веќе во тек.
Ова не е единствената земја која осмислува како да ги смести украинските бегалци.
Кличко: Осум лица загинаа, тројца во критична состојба по руското ракетирање на Киев
Обединетото Кралство објави дека размислува да ги искористи конфискуваните домови на руските олигарси за сместување на Украинци, додека Полска соопшти дека ќе го користи конфискуваниот имот на руските дипломати за да им помогне на бегалците.