На изборите за Лекарската комора на Виена, во тоа тело успеаја да влезат антиваксери собрани околу движењето „Луѓе, слободи, фундаментални права“ (МФГ).
Победник на изборите беше „Здружението на австриски лекари – Штајнхарт листа“, а на второ место беше „Томас Шекерес тим“, актуелен претседател на Лекарската комора.
На изборите лекарите можеа да изберат меѓу 14 фракции, од кои 11 успеаја да влезат во собранието на Лекарската комора, а меѓу нив има и антивакцини.
„МФГ“ успеа да стане четврта сила во Лекарската комора со шест освоени мандати.
Инаку, „МФГ“, кој постои помалку од една година, а создаден за време на пандемијата со обединување на противниците на епидемиските мерки и вакцинацијата, станува важен фактор воАвстрија.
„МФГ“ досега успеа да влезе во одредени покраински и општински собранија, а во анкетите на јавното мислење се споменува како сила која би можела да го помине прагот на парламентарните избори.