Рибарски брод потона при невреме во Нов Зеланд, а едно лице сѐ уште се води како исчезнато додека четири лица го загубија животот.
На бродот имало десет лица, од кои пет биле спасени од морето со хеликоптер, четири тела се пронајдени, а спасувачите и денеска продолжуваат со потрагата по уште едно исчезнато лице, изјави портпаролот на Координативното тело за спасување на Нов Зеланд, Ник Берт.
Бродот долг 17 метри западнал во неволја и го активирал светлото за итни случаи синоќа во 20 часот по локално време кај северниот брег на Нов Зеланд.
Хеликоптерот прв пристигнал на местото на несреќата околу 22:40 часот, рече Берт.
Според него, временските услови многу го отежнале пристигнувањето на леталото, имало опасни услови за летање, грмежи и силни налети на ветер, а на местото на несреќата штотуку пристигнале околу 23.40 часот, а било потврдено дека бродот потонал. во 2.30 часот.
Драматични снимки од рактерираниот трговски центар во Киев (ВИДЕО)
Временските услови за потрага денеска се поповолни, а ги координира поморски патролен брод, хеликоптери и копнениот персонал на брегот.
Петмината спасени со хеликоптер биле примени на кратко во болница, а подоцна биле пуштени.
Бродот имал капетан, еден член на екипажот и осум патници од Окленд. Капетанот е меѓу преживеаните, наведуваат медиумите, додека никој не е идентификуван.