Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика западните сојузници да продолжат со испораката на оружје за Украина во нејзината војна против Русија.
Ве молиме поддржете нè“, изјави поранешниот професионален боксер во саботата во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Европските сојузници и НАТО беа повикани да испратат оружје за одбрана на воздушниот простор над Киев.
– Во состојба сме да го затвориме сопствениот воздушен простор – продолжи 50-годишникот.
НАТО постојано го отфрла наметнувањето на зона на забранети летови над Украина, стравувајќи дека тоа би можело да доведе до директен воен конфликт меѓу Русија и Западот.
Според Кличко, Киев досега има регистрирано повеќе од 200 убиени цивили. Околу 2 милиони луѓе остануваат во градот, рече тој.
– Не заборавајте дека ние ја браниме нашата земја, но истовремено ги браниме и темелните вредности на европската демократија – истакна Кличко.
„Мојата порака е јасна: ве молам да престанете со какви било економски односи со Русија бидејќи Путин го користи секое евро за да ја зајакне својата армија која маршира кон нас“, рече тој.