Поранешниот премиер на Британија со камион однесе помош за украинските бегалци во Полска

Сподели со своите пријатели

Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Дејвид Камерон тргна со камион за Полска, носејќи помош за украинските бегалци во таа земја.

Станува збор за донација за Црвениот крст, дел е од проектот „Чипи Лардер“ во кој волонтираше поранешниот британски премиер во последните две години, а пакетите вклучуваат облека, пелени и прва помош, јавува Би-би-си.

 

Украина го загуби пристапот до Азовското Море

 

Камерон ја пофали дарежливоста на заедницата во Западен Оксфордшир и на британскиот народ воопшто, велејќи дека тие се „феноменални“ и се обидуваат да им помогнат на соседите кога им треба помош.

Оваа поддршка ја поздрави и украинскиот амбасадор во Велика Британија, но истакна дека „парите би биле поупотребливи“ од гломазните работи.

 

Најмалку 40 украински војници убиени во Николаев

 

– Пораката е едноставна, ако можете да дадете неколку фунти наместо да носите работи во торба – рекол украинскиот амбасадор, пренесе Би-би-си.