Украинската армија воведе 38-часовен полициски час во Запорожје, кој почнува денеска попладне и ќе заврши рано наутро во понеделник, изјави денеска заменик-градоначалникот Анатолиј Куртиев.
– Не излегувате во тој период – изјави Куртијев на Интернет, пренесе Ројтерс.
Запорожје е важна транзитна точка за некои од 35.000 луѓе кои побегнаа од опколениот Мариупол на југоисток, пренесува Танјуг.