Поранешниот репрезентативец на Франција, Николас Анелка изјави дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо практично ја завршиле кариерата.
Тој истакнува дека тоа е сосема нормално со оглед на нивната возраст.
„Вакви работи им се случуваат на играчите кои сакаат да го продолжат својот играчки век. Нормално е да успорат“, изјави Анелка.
Како што вели, на 32 години сфатил дека повеќе не може да игра на врвно ниво, па заминал од Челзи во Шангај.
Мислам дека и двајцата треба да бидат помудри. Треба да најдат некои помалку тешки предизвици, затоа што треба да донесете паметни одлуки за да завршите на врвот“, заклучи Анелка.
Ниту Французинот немаше лоша кариера. Меѓу другите ги носеше дресовите на ПСЖ, Арсенал, Ливерпул, Реал, Јувентус, Сити. Тој има култна улога за Болтон, а најголемиот успех веројатно го доживеа во дресот на „сините“ од Лондон.