Велика Британија го распоредува ракетниот систем „Скај Сабер“ во Полска

Сподели со своите пријатели

Обединетото Кралство ќе распореди противракетен одбранбен систем Sky Sabre во Полска, изјави во четвртокот министерот за одбрана Бен Валас за време на посетата на Варшава.

Неговата посета доаѓа во време кога НАТО се движи кон зајакнување на своето источно крило како одговор на руската инвазија на Украина.

 

Путин: Обединувањето на Крим и Русија беше правилна одлука

 

„Имаме намера да распоредиме противвоздушен систем со среден дострел Sky Sabre и околу 100 војници во Полска. Со тоа покажуваме дека стоиме покрај Полска, заштитувајќи го нејзиниот воздушен простор од каква било идна агресија на Русија“, рече Валас по средбата со полскиот колега Мариуш Блашчак.

Британската влада го опишува Sky Sabre како „најмодерниот противвоздушен систем“ кој може да погоди објект со големина на тениско топче дури и ако се движи со брзина на звукот.

 

Украина: Најмалку 107 деца загинаа, а повеќе од 120 се повредени

 

Според описот на британската армија, овој систем се состои од три компоненти: радар за 3Д надзор, ракетен фрлач и контролен уред.

Sky Sabre истрелува проектили од 99 килограми кои можат да летаат со брзина до 3.700 километри на час и ќе и овозможат на Полска да се брани од борбени авиони, проектили и бомби.