Во Кина нов бран корона, се градат импровизирани болници

Сподели со своите пријатели

Кинеската провинција Џилин се трка со времето за да изгради повеќе импровизирани болници, откако беше погодена од новиот бран на ковид-19, јавува кинеската медиумска групација (ЦМГ).

Loading...

Завршена е изградбата на осум импровизирани болници со 11.488 легла и се формирани два привремени објекти за карантин, со 662 соби за изолација, соопштија на прес-конференција здравствените власти.

 

Градоначалникот на Мелитопол е ослободен

 

Конгресниот центар во главниот град на провинцијата Чангчун, кој е претворен во импровизирана болница, почна да ја прима првата група пациенти. Тие обезбедуваат повеќе од 1.500 кревети.

Провинцијата Џилин прави максимални напори да ја заврши изградбата на уште две импровизирани болници и уште пет места за привремен карантин со 27.555 соби, рече на прес-конференција Гао Пенг, специјалист за респираторни и интензивна нега во Втората болница на Универзитетот Џилин.

Провинцијата Џилин во вторникот регистрираше 1.456 потврдени локални случаи на ковид 19 и 397 локални асимптоматски вектори, соопшти во средата провинциската здравствена комисија.

Loading...

 

Зеленски испрати порака до руската армија: Спуштете го оружјето

 

Во услови на новата епидемија, повеќето локални инфекции во покраината се регистрирани во градовите Чангчун и Џилин.

Медицинска помош пристигнува во провинцијата низ Кина, соопштија локалните власти во средата.