Колку „тежи“ Путин? Изненадувачки податоци излегоа во јавноста!

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин, наводно, е најбогатиот човек во светот со скриено богатство од 200 милијарди фунти, бидејќи извлекува до 50 отсто од секоја рубља заработена од најмоќните луѓе во Русија.

Loading...

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, откри дека Путин користи мрежа од љубовници, деца, пријатели од КГБ, сојузници од времето кога бил градоначалник на Санкт Петербург, пријатели од училиште и од детството за да го скрие своето големо богатство.

 

Градоначалникот на Мелитопол е ослободен

 

Навални е во руски затвор и му се заканува казна од 13 години, откако преживеа неуспешен обид за атентат, пишува Дејли мејл.

Меѓу помошниците на рускиот претседател е и месар, син на неговиот пријател од детството, кој има необјасниво богатство од 500 милиони долари.

Потоа неговиот братучед, исто така со необјасниви 500 милиони долари, и поранешниот шеф на КГБ, кој денес е шеф на една од најголемите руски нафтени компании.

Loading...

Путин поседува и огромна палата на брегот на Црното Море вредна милијарда долари.

 

КАКО ОД БАЈКА: Вака изгледа тајната палата на Путин на Црното море (ВИДЕО)

 

Исто така, се верува дека има скриено богатство ширум светот во форма на средства, бизниси и инвестиции кои ги поседуваат доверливи сојузници.

Според Дејли Мејл, наводно една од неговите три ќерки поседува и ексклузивен имот во Сари, Велика Британија, каде што се верува дека олигархот Олег Дерипаска има вила во стилот на Арт Деко.

 

Зеленски испрати порака до руската армија: Спуштете го оружјето

Loading...

 

Локалните жители тврдат дека во последниве години виделе лимузини со руски знамиња кои брзаат низ областа и хеликоптери како летаат до место во близина на теренот за голф, според Еспресо.

Лесија Шоли, активистка од од украинско наследство на Сари, тврди дека безбедноста околу имотот е зајакната во последните месеци и дека јавните пешачки патеки кои водат до блиската тврдина се блокирани за локалното население.

Имено, и британската Национална агенција за криминал започна лов на богатството на моќниците на Кремљ во Велика Британија.

Путин ги има ќерката Марија (35) и Катерина (34) од бракот со Људмила Путин. Во 2003 година ја добил ќерката Елизавета со чистачката Светлана Кривоногих. Кривоногих, всушност, набргу откако добила дете собрала богатство од 100 милиони долари.

 

Градоначалникот на Мелитопол е ослободен

 

Loading...

Поранешниот најголем странски инвеститор во Русија, финансиерот Бил Браудер, кој себеси се нарекува „најголем непријател на Владимир Путин“, вели дека бизнис моделот на претседателот е да собира половина од она што го заработуваат над 100 олигарси во земјата секоја година. Околу 20 од овие мажи се милијардери.

Наводно се започнало со апсењето на најбогатиот Русин Михаил Ходорковски во 2003 година. Имено, тој се скарал со Путин, а на судењето бил принуден да седи во кафез.

Судењето беше емитувано на телевизија, па, според Баудер, олигарсите отишле кај Путин да го прашаат што сака од нив за да ја избегнат истата судбина, на што претседателот наводно одговорил „50 отсто“.

Рускиот претседател инсистира дека заработува само 70.000 фунти годишно од државната плата плус пензиите на КГБ и дека нема имот на свое име.