Во Германија нов рекорд – 294.931 новозаразени

Сподели со своите пријатели

Германија денеска поставува нов рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус со 294.931 нови случаи на инфекција.

Loading...

На 10 март во Германија за прв пат беше надмината бројката од 250.000 новозаразени.

Седумдневната инциденца, според Институтот Роберт Кох, достигнала 1651,4, што е исто така рекорд.

Во изминатите три дена, Германија постави рекорд по рекорд по инциденца.

Во последните 24 часа починале 278 лица заразени со коронавирус.