Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија официјално го напуштила Советот на Европа, бидејќи не сакала да биде „вреќа за удирање“.
„Советот на Европа ни ги ограничи правата како членка на таа организација, тие едноставно го направија тоа. Никој нема намера да му се одземат правата, да плаќа средства, да не може да го брани своето гледиште. Никој нема да биде вреќа за удирање“, изјави таа за Соловјов Лајв.
Таа оцени и дека земјите кои испорачуваат оружје на Украина, вклучително и планот на Словачка, си создаваат проблеми, пренесува Спутник.
„Ако се донесе таква одлука, не само во Словачка, туку и во други земји – тогаш тие самите си создаваат проблеми. Тие создаваат директни проблеми со свои раце“, ги коментираше Захарова медиумските наводи дека Братислава наводно одлучила да испорача на Киев системи за противвоздушна одбрана од советско производство.
Тоа важи и за регрутирање на платеници, додаде Захарова.
ОРБАН: Следната недела очекуваме поголем бран бегалци од Украина
Портпаролката напомена дека во моментов нема активен преговарачки процес меѓу Русија и САД.
Како што вели, Русија до последен момент го чекала Вашингтон во Европа на преговори, но американската страна не дошла.
„Сега нема активен преговарачки процес, се разбира, како што гледате, нема. Имаме посебни контакти за поединечни проблеми кои се појавуваат. Дури ни за проблематични прашања, туку мали контакти се во прашање. Тоа е се“, објасни таа.
ОРБАН: Следната недела очекуваме поголем бран бегалци од Украина