Кошаркарскиот клуб Куманово се засили со српскиот интернационалец Андрија Марјановиќ.
Loading...
Дваесет и тригодишниот кошаркар игра на бековската и крилната позиција. Својата кариера ја започнал во Барселона во 2016 година, а има играно и во Мега Бемакс, Беовук, Слобода Ужице и Златибор.
Во редовите на Куманово доаѓа од Металац и се очекува да даде свој придонес во понатамошните натпревари на сино-белите кои мака мачат да се искачат повисоко во табелата.
Никола Ивановски / фото: druga.aba-liga.com