Се огласи киднапираниот градоначалник на Скадовск: Ме пуштија

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Скадовск, пристанишен град во областа Керсон во Украина, е киднапиран, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, пренесува Дневни аваз.

Руските сили денеска наводно ги одвеле Александар Јаковлев и неговиот заменик Јуриј Паљух.

 

Мистериозно руско оружје се појави во Украина (ФОТО)

 

Но, градоначалникот Јаковљев одговори преку апликацијата Телеграм и рече дека е ослободен по разговорите со руските сили. Тој побара од жителите на градот да не паничат.

Русија тврдеше дека сега има контрола над целата област Херсон, откако го зазеде градот Херсон.

Претходно Украинците соопштија дека биле киднапирани и градоначалникот на јужниот град Дњепропетровск, Евгениј Матвијев и градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров.