Советот на Европа и официјално ја исфрли Русија од организацијата

Сподели со своите пријатели

Иако Русија вчера го напушти Советот на Европа, водечката организација за човекови права, Советот на Европа денеска донесе официјална одлука да го прекине членството на Руската Федерација по 26 години членство.

На 15 март, Парламентарното собрание едногласно усвои мислење во кое се наведува дека Руската Федерација повеќе не може да биде членка на организацијата, додека Владата на Руската Федерација го информирала генералниот секретар на 15 март за нејзиното повлекување од Советот на Европа во рамките со Статутот на Советот на Европа и за својата намера да ја откаже Европската конвенција за човекови права, соопшти Советот на Европа.

Патем, Русија се приклучи на Советот на Европа на 28 февруари 1996 година.