Украина го отфрли рускиот предлог за австриски модел на неутралност

Сподели со своите пријатели

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот предлог Украина да прифати неутралност во австриски стил е неприфатлив за земјата.

Михаило Подољак, член на преговарачкиот тим на Украина, за локалните медиуми изјави дека секој мировен договор мора да биде под украински услови кои го штитат нејзиниот суверенитет.

 

Столтенберг: НАТО е обединет во поддршката на Украина

 

„Го разбираме обидот на нашите партнери да останат проактивни во преговарачкиот процес“, рече Подољак. „Но, Украина сега е во состојба на директна војна со Русија“, додаде тој.

Јасно му е, вели, дека се споменува шведскиот или австрискиот модел.

„Затоа, моделот може да биде само „украински“ и тоа само со законски потврдени безбедносни гаранции. И без други модели или опции“, додаде тој.

 

Столтенберг: НАТО е обединет во поддршката на Украина

 

Претходно утринава, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е отворена за мировен договор според кој неутрална Украина има своја војска и морнарица, како Австрија или Шведска.