Побарал затвор наместо домашен притвор за да избега од жената: Судот му излегол пресрет!

Сподели со своите пријатели

Албанец (30) кој живее во Италија, недалеку од Рим, добил куќен притвор. Сепак, брзо заклучил дека подобро ќе му биде во затвор.

– Револтиран од ситуацијата повеќе сакал да избега од домашен притвор, се обратил во полиција да замоли казната да ја издржи зад решетки – пишувало во соопштението.

Имено, мажот брзо заклучил дека полесно ќе ја помине казната во затвор отколку дома со сопругата.

 

 

– Живееше дома со сопругата и семејството. Веќе не одело добро. Дојде и ми рече: „Слушај, мојот семеен живот стана пекол, не можам повеќе, сакам да одам во затвор – додаде Феранте, капитенот од карабинерите на Тиволи.

Веднаш бил приведен и одведен зад решетки, поради прекршување на куќниот притвор.