Министерството за здравство на Израел денеска соопшти дека во таа земја се откриени два случаи на инфекција со нов засега непознат сој на коронавирус.
Новиот сој, комбинација од доминантната омикронска поддивизија BA.1 и другата поддивизија BA.2, предизвикува благи симптоми, вклучувајќи ниска температура, болки во мускулите и главоболки и не бара посебен третман, објавија израелските медиуми, пренесува Бета.
Европа: Ковид бројките растат во Германија, повеќе од 58.000 во Австрија
Според Министерството, сојот сѐ уште е непознат во светот, а бил откриен со ПЦР тестирање на патници на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив.
Подсојот BA.2 предизвикал повторна инфекција кај некои луѓе кои првично биле инфицирани со сојот омикрон.
Иако бројот на нови случаи на инфекција во Израел е намален, секој што пристигнува на аеродромот е тестиран.
Во средината на февруари во еден ден имало повеќе од 30.000 новозаразени, а во вторникот биле регистрирани 6.310.
Европа: Ковид бројките растат во Германија, повеќе од 58.000 во Австрија
Во меѓувреме, бројката Р, која покажува колку луѓе може да зарази еден заразен, достигна 0,9. Пред две недели беше 0,66.
Генералниот директор на израелското Министерство за здравство Нахман Аш денеска изјави дека новиот сој може да потекнува од таа земја.
Од почетокот на пандемијата на коронавирус, во Израел починале 10.401 пациент.