КАРАБОЛ ВО ЖИВО: Додека новинарот известуваше за една, на истото место се случи друга сообраќајка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Екипа на новинари го снимила судирот и бегството на еден од учесниците во несреќата во Лос Анџелес во моментот кога известувале за претходна сообраќајна несреќа на истата раскрсница.

Новинарскиот тим на KTLA минатата недела беше во јужниот дел на Лос Анџелес со репортерот Џин Канг, кој ја снимаше приказната за фаталната несреќа што се случи на 26 февруари на една од најопасните раскрсници во областа. Додека Канг го снимаше својот придонес, Хонда Акорд влета низ раскрсницата и удри во седан Џенезис.

Како едноставно снимањето на овој судир со камерата да не беше доволно драматично, возачот на Хонда направи полукружен маневар, го премина работ на тротоарот и побегна.

Новинарска екипа веднаш повикала полиција да ја пријави несреќата. Кога пристигнале властите, успеале да ја пронајдат регистарската табличка која испаднала од Акорд. Се посомневале дека возачот е вмешан во претходно кривично дело, па избегал.

Засега не е јасно дали возачот на Хонда е пронајден, но за среќа во несреќата не се повредени патниците во Џенезис и им помогнала полицијата.