Тајно патување на лидерите на ЕУ во Киев: 3 часа со воз, па средба под експлозии (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Полска Матеуш Моравјецки и неговите колеги Јанез Јанша од Словенија Петр Фијала од Чешка денеска ја напуштија Украина по синоќешната средба со Владимир Зеленски.

Loading...

Тројцата се првите претставници на ЕУ кои дојдоа во Киев од почетокот на војната на 24 февруари, а нивното пристигнување беше обвиено со тајност.

Не се знаело ниту времето на пристигнување во украинската престолнина, ниту местото на средбата со Зеленски, а единствената информација која била објавена е дека тие за Киев патуваат со воз.

 

Како Русија ги менува тактиките во Украина?

 

Што знаеме за мистериозната посета?

Три часа до Киев, состанок за време на полициски час

Loading...

По тричасовното возење со воз до Киев, во вторникот вечерта премиерите на Полска, Словенија и Чешка се сретнаа со украинскиот претседател. Во моментот кога започна средбата, во Киев беше во полн ек полициски час, кој ќе трае до четврток наутро, односно 36 часа.

На состанокот на тројцата европски лидери им се придружи полскиот вицепремиер Јарослав Качински, лидер на полската владејачка Партија на правото и правдата.

Полските власти истакнаа дека неговиот покоен брат близнак, поранешниот претседател Лех Качински, исто така учествувал во ризично патување во Грузија во 2008 година, за време на руската инвазија.

 

Верешчук: Руските сили држат 400 цивили како заложници во Мариупол

 

По пристигнувањето во Киев, објавена е фотографија на која тројцата премиери и Качински ја проучуваат картата на Украина во еден од вагоните во возот.

 

Loading...

 

За време на средбата се слушнале и експлозии

Додека лидерите разговараа, силни експлозии се слушнале низ Киев, додека борбите се воделе на западната граница на главниот град.

Полскиот заменик-министер за надворешни работи Марчин Пжидац призна дека ова патување е ризично, но рече дека „вреди да се оди“. Како што рече, на Русија ѝ било кажано дека посетата се одржува.

 

Столтенберг: НАТО е обединет во поддршката на Украина

 

Loading...

Лидерите решиле да патуваат со воз бидејќи летањето со полски авион Русија може да го смета за провокативно, јавува Би-Би-Си.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски постојано го повика НАТО да воведе зона на забранети летови во воздушниот простор на Украина, но НАТО одби.

За што се разговарало на средбата?

На видеото објавено на социјалните мрежи се слуша како Зеленски ги информира лидерите на ЕУ за најновата воена и хуманитарна ситуација и преговорите со Русија.

„Гранатирање има насекаде. Не само Киев, туку и западните региони“, рече тој.

 

Loading...

Украинците тврдат дека собориле два руски авиони

 

Зеленски ги информирал и премиерите на Полска, Чешка и Словенија дека меѓу руските сили се идентификувани три чеченски бригади.

Украинскиот претседател на средбата рече дека неговата земја претрпе штета од повеќе од 500 милијарди долари од почетокот на инвазијата и инсистира Русија да плати за обновата на Украина по војната.

Тој не навлезе во тоа како точно може да се наплатат репарациите, дури и ако Украина победи во војната, но спомена запленување на руски имот во странство.

Loading...

Тој додаде дека Украина ќе побара финансиска помош и од сојузниците.

 

 

Брисел е нервозен поради посетата

Loading...

Полската влада соопшти дека посетата на тројцата лидери на ЕУ на Украина и нејзиниот главен град е направена во договор со претседателите на Европската комисија и Советот, Урусла фон дер Лајен и Шарл Мишел.

Лидерите на Полска, Чешка и Словенија беа во Киев како „претставници на Европскиот совет“.

Сепак, претставниците на ЕУ во Брисел рекоа дека има одредена нервоза поради посетата, а дипломатите во некои престолнини рекоа дека не биле известени до неколку моменти пред објавувањето на патувањето.

 

Од Мариупол евакуирани 20.000 луѓе

 

Loading...

Состанокот се случи кога пратениците од целиот континент гласаа за протерување на Русија од Совет на Европа, водечка организација за човекови права на континентот.

Гласањето има огромна симболична вредност, иако стана формалност, откако Русија во вторникот објави дека се откажува.

За резолуцијата гласаа европратениците од 46 други земји-членки на Советот на Европа, во која се вели: „Нема место за агресор во Заедничката европска куќа“.