Лавров: Има надеж за компромис, но преговорите не се лесни

Сподели со своите пријатели

Мировните преговори меѓу Русија и Украина „не се лесни“, но „има надеж за компромис“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Би-Би-Си.

„Се водам од оценките дадени од нашите преговарачи“, рече тој, пренесе Би-Би-Си.

 

Украинската армија објави фотографии: „Вака изгледаат окупаторските хеликоптери“ (ФОТО)

 

„Тие велат дека преговорите не се лесни од очигледни причини. Сепак, постојат некои надежи за компромис“, ја цитира Ројтерс изјавата на Лавров за време на интервјуто за РБЦ.

Тој рече дека проблемите не се само за неутралноста и демилитаризацијата на Украина, туку и за безбедноста на луѓето во источна Украина, каде што се наоѓаат Доњецк и Луганск.