Москва: Советот на Европа ја губи смислата со повлекувањето на Русија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на руската државна дума Вјачеслав Володин денеска го критикуваше Советот на Европа, наведувајќи дека организацијата неодамна ја осуди Русија врз основа на двојни стандарди и дека таа ќе го изгуби своето значење по повлекувањето на Русија.

Тој изјави дека Советот на Европа, по повлекувањето на Русија од таа организација, повеќе нема да има што да прави и дека може само да се распушти, пренесува руската агенција ТАС С.

 

Американскиот Сенат го осуди Путин како воен злосторник

 

„Советот на Европа ја губи смислата. Тој неодамна се посвети на Русија, нејзините критики, осуди, притисоци, апели и резолуции. Без нашата земја, колегите од Советот на Европа нема што да прават. За нив има само еден излез: да се распуштат“, изјави Володин.

Тој додаде дека Русија отсекогаш се обидувала да се вклучи во дијалог, но дека под овие услови „дијалогот со глувиот Запад стана бесмислен“ и подвлече дека известувањето на Русија за повлекување од Советот на Европа е правилна одлука.

 

Русија ги „опомена“ Хрватска и Словенија

 

Володин напомена и дека Русија е еден од петте најголеми спонзори на таа организација, но дека годинава не го префрлила својот годишен надоместок кој изнесува околу 4,2 милијарди рубљи (речиси 39 милиони долари).

Според него, тие пари ќе бидат потребни во услови на санкции и ќе се користат за решавање на проблемите на руските граѓани и поддршка на економијата.