Недостигот на одредени прехранбени производи деновиве го погодува и синџирот за брза храна Мекдоналдс во Австрија, пред се поради доцнењето на синџирот на снабдување.
Така, љубителите на брзата храна во синџирот Мекдоналдс повеќе не можат да ги нарачуваат сите производи, бидејќи многумина го имаат знакот „распродаденo“ или „не е достапno“.
„Омилените стандардни производи, како Биг Мек, Чизбургер и слично, не се засегнати“, вели Вилхелм Балдија, портпарол на Мекдоналдс во Австрија.
АЛАРМАНТНО: Поради војната во Украина, цената на храната може вртоглаво да порасне
Тој рече дека привремено е прекината продажбата на одредени производи кои се нуделе за појадок, како и одредени колачи и пити.
– Тоа се пред се производи за чија подготовка е потребно брашно, додава Балдија.
Тој истакна дека тоа нема никаква врска со војната во Украина, туку дека тоа е доцнење на синџирот на снабдување.
„Нашите состојки најчесто ги купуваме во Австрија. „Посебно телешкото месо, компирите, јајцата и млечните производи“, објасни тој.
Балдија ги уверува љубителите на брза храна дека целиот асортиман ќе биде повторно достапен веќе следната недела.