Уште еден новинар е убиен во Мексико, соопштија локалните власти, додавајќи дека ова е осмо убиство на новинар од почетокот на 2022 година.
Новинарот Армандо Линарес беше застрелан во својот дом во Зитакуар, град во државата Мичоакан, во планинска област западно од мексиканската престолнина, пренесува Бета, цитирајќи ја АП.
Линерас е осмиот новинар убиен во Мексико оваа година.
Најмалку 150 новинари се убиени во Мексико во последните 20 години, а бандите сè почесто убиваат полицајци кои им се доделени за заштита.