Двојникот на Ким Џонг-ун му помогна на двојникот на Путин да го извлече двојникот на Зеленски од Украина…

Сподели со своите пријатели

Двојникот на Ким Џонг-ун, Хауард Икс, бил загрижен за двојникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Умид Исабаев, поради војната во Украина, па го повикал двојникот на Владимир Путин, Славек Собал, за да ја договори неговата екстрадиција …

Loading...

Лудата вест е всушност вистинита, а Собал и Хауард за Daily Star изјавиле како изгледал процесот на спасување .

 

 

– Кога почна војната, веднаш се сетив на Умид бидејќи живее во Киев. Му реков дека мора веднаш да побегне бидејќи не знае што ќе направат Русите ако најдат двојник на украинскиот претседател – вели Хауард.

Умид стана познат кога некој во метрото ја забележа неговата сличност со Зеленски, го запозна претседателот и работеше за неговата поранешна продукциска куќа.

 

Loading...

 

– Умид имаше проблеми на почетокот на инвазијата.Тие не сакаа да му помогнат бидејќи е од Узбекистан. Кога пристигна на границата и кога чуварите видоа колку личи на претседателот на Украина, почнаа да се смеат и успеавме да го извлечеме – вели Хауард.

Умид ја напушти Украина на 12 март, каде што беше пречекан од Путин, т.е Славек.

– Го ставив во хотел, се сретнавме подоцна и пиевме пиво. Разговаравме повеќе од три часа. Тој ми се заблагодари за се. Рече дека ќе остане во Полска и ќе се обиде таму да најде работа – вели Славек, кој, како што призна неделава, поради целата ситуација малку се плаши за својот живот.

 

 

Loading...

-Во Полска има многу Украинци и кога ќе видат колку личам на Путин, се плашам дека ќе станат агресивни. Некои ми замеруваат што заработувам од тоа, но тоа ми беше споредна работа што ја работев за забава, а не за пари – изјави Полјакот.