Кинескиот амбасадор во САД Чин Ганг изјави дека кинеската влада не знаела дека ќе има војна во Украина.
– Тврдењата дека Кина знаела, се согласила или премолчено ја поддржувала оваа војна се чиста дезинформација. Сите овие тврдења служат само за целта да се префрли вината на Кина и да се фрли кал врз Кина – вели кинескиот амбасадор во текст за „Вашингтон пост“.
Кадиров му се закани на Маск: Не се натпреварувај со мојот претседател, нема да биде смешно
Тој рече дека коментирајќи ги медиумските шпекулации и тврдења дека Кина наводно знаела за руската воена акција и претходно и дека наводно побарала од Русија да ја одложи до завршувањето на Зимските олимписки игри.
– Во Украина има повеќе од 6.000 кинески државјани. Кина е најголемиот трговски партнер и на Русија и на Украина и најголем увозник на сурова нафта и природен гас во светот – истакна Чин.
Кадиров му се закани на Маск: Не се натпреварувај со мојот претседател, нема да биде смешно
Тој нагласува дека конфликтот меѓу Русија и Украина не и носи ништо добро на Кина.
„Да знаеше Кина за непосредната криза, ќе се обидевме да ја спречиме“, рече кинескиот амбасадор во Вашингтон.