Каменуван и оштетен патнички воз во кумановско

Сподели со своите пријатели

Патнички воз вчера бил каменуван од неколку лица во кумановското село Лопате.

– На 14.03.2022 било пријавено дека во 21.25 часот на делот од пругата помеѓу железничка станица Карпош и железничка станица Куманово, кај патниот премин кој води до с.Лопате, кумановско, неколку лица го каменувале патничкиот воз кој сообраќал на релација Табановце – Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, биле направени оштетувања на возот, додека повредени патници и персонал нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Никола Ивановски