Агенцијата на ОН за бегалци ги даде најновите информации за бројот на Украинците кои бегаат од војната.
– Вкупно 2,95 милиони Украинци ги напуштија домовите, а 1,8 милиони влегоа во Полска. Други отпатуваа во Унгарија, Романија и Словачка, велат тие.
УНИЦЕФ потврди дека 73.000 деца од Украина станале бегалци од почетокот на конфликтот. Околу 300.000 украински бегалци влегле во Западна Европа.

