Грковска: Учеството во програми на ЕУ, носат бенефити за претпријатијата и за дигитализацијата

Сподели со своите пријатели

„Една од активностите на мојот кабинет сега е барањето за проценка што е потребно нашата држава да направи за да аплицира и да покаже интерес за програмата „ЕУ дигитална декада – дигитални цели за 2030“ (Digital Europe 2030)“, истакна заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Таа информираше дека учеството во овие програми носи големи придобивки за малите и средните претпријатија и за дигитални активности и тренинзи.

Грковска, посочи дека сите реформи што ги правиме пред сѐ се за нас и изрази убедување дека нашата држава може да добие повеќе помош од ЕУ.

Таа додаде дека изјавата на високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел, кој ја даде при вчерашната посета на Скопје, е јасен сигнал за тоа.