Израелските сили убиле двајца Палестинци на окупираниот Западен Брег

Сподели со своите пријатели

Израелските безбедносни сили убиле двајца Палестинци и раниле неколку во одвоени рации на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Како што беше наведено, 16-годишниот Надер Рајан е убиен, а тројца Палестинци се ранети во бегалскиот камп Балата во градот Наблус на северот на Западниот Брег.

 

Авионот на Абрамович слетал во Москва

 

Уште еден млад Палестинец, Ала Шихам, е убиен во Каландија, во близина на Ерусалим, а шестмина се ранети и пренесени во болница.

Паравоената гранична полиција соопшти дека нејзини припадници влегле во Балат за да го уапсат осомничениот кој поседува автоматска пушка М-16.

При заминувањето, група Палестинци фрлале кон нив со камења и запаливи бомби, а силите на граничната полиција, како што се наведува, го „неутрализирале“ Палестинецот кој пукал.

 

Кличко објави 35-часовен полициски час во Киев

 

Нема извештаи за повредени меѓу Израелците.

Израел го освои Западниот Брег во војната во 1967 година, а Палестинците се стремат да ја направат таа територија главен дел од нивната идна држава, која ќе го вклучува Појасот Газа, а главен град ќе биде Источен Ерусалим.

Израел наведува дека целта на армиските и полициските рации е борбата против тероризмот, а Палестинците ги сметаат за средство за одржување на воената окупација која трае речиси 55 години и наведува дека нема знаци дека ќе заврши.