Песков: Преговорите за безбедносните гаранции сега се тешко возможни

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е тешко возможно продолжување на преговорите за безбедносните гаранции во сегашната форма.

– Делегациите на преговарачите од Русија и Украина работат, тешко е, а позитивен е и самиот факт за продолжување на преговорите – рече Песков.

 

Заробени руски војници испратија порака: Путин е лажго. Мамо, ако го видиш ова видео, жив сум…

 

Коментирајќи ги зборовите на советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович, Песков рече дека Москва не сака да дава прогнози за натамошното продолжување на преговорите и дека ќе ја информира јавноста со јасни резултати.

Песков рече дека Кремљ е разочаран што лидерите во ЕУ и САД не кажале ништо за гранатирањето на Доњецк од украинските националисти или за смртта на цивили во тој град.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин ги добил сите разузнавачки информации за ситуацијата во Украина.

 

Мариупол е целосно уништен (ВИДЕО)

 

– Претседателот е врховен командант и, се разбира, ги добива сите разузнавачки податоци – рече Песков.

Одговарајќи на прашањето за можноста за дијалог со САД, Песков рече дека Русија е заинтересирана за соработка со сите земји, доколку покажат дека се конструктивни.