Во Шпанија распродадени брашното и маслото

Сподели со своите пријатели

Поради страв од недостиг во Шпанија, последните денови има „навала“ на одредени прехранбени производи, па полиците со брашно и сончогледово масло се празни во многу супермаркети.

Loading...

Имено, Шпанија досега увезувала сончогледово масло од Украина, а тој увоз покривал дури 62 отсто од потрошувачката.

 

Кличко објави 35-часовен полициски час во Киев

 

Сончогледовото масло е производ кој сега е тешко да се најде во продавниците.

„Нарачавме нови количества нафта, но со денови нема испораки“, објави продавачка од супермаркет во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Некои супермаркети ја ограничија продажбата на сончогледово масло на пет литри по лице.

Loading...

Истото важи и за брашното, кое во моментов тешко се наоѓа во продавниците.

 

Авионот на Абрамович слетал во Москва

 

Здружението на веледрогерии и супермаркети „Аседас“ пред неколку дена укажа на „невообичаеното однесување на потрошувачите“ во однос на набавката на сончогледово масло и посочи дека е обезбедена набавка на масло за јадење и други намирници во Шпанија.

Според медиумите, проблеми со снабдувањето би можеле да настанат уште во лето, доколку нема испорака од Украина.

Исто така, поради недостиг на испораки на жита и пченка од Украина во Шпанија, може да има недостиг на сточна храна.