ЕУ го усвои четвртиот пакет санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Европската унија го усвои четвртиот пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, објави на Твитер канцеларијата на Франција, која претседава со ЕУ.

Што содржат санкциите ќе биде објавено денеска, се наведува во соопштението на Твитер.

 

Како би можела да заврши војната: Советникот на Зеленски објави неколку сценарија

 

Претходно беше најавено дека со овој пакет санкции против Русија ќе се укине статусот на „најповластена нација“ во трговијата.

Санкциите треба да опфатат забрана за увоз на руски челик и железо и забрана за извоз на луксузни стоки, вклучително и автомобили вредни повеќе од 50.000 евра, како и забрана за инвестиции во нафтените компании и енергетскиот сектор, пишува Ројтерс.