Забрана на хиџаб во училиштата во Индија

Сподели со своите пријатели

Судот во јужната индиска држава Карнатака ја потврди одлуката за забрана на носење хиџаб во училиштата и факултетите, објаснувајќи дека муслиманската шамија не е суштинска религиозна практика на исламот.

Имено, високиот суд во државата Карнатака денеска ја изрече пресудата откако претходно ги разгледа претставките на студентите муслимани кои ја оспоруваат забраната на владата за носење хиџаб, пренесува агенцијата АП.

 

Украина е загрижена поради нападот на Русите од уште една земја

 

Спорот започна во јануари, кога државното училиште во областа Удупи во Карнатака им забрани на учениците кои носат хиџаб да влегуваат во училниците, што предизвика протести на муслиманите.

После тоа, некои други училишта во таа држава воведоа слични забрани, а највисокиот државен суд им забрани на учениците да носат хиџаб до конечната пресуда.

 

https://kumanovskimuabeti.mk/kina-ja-mobilizira-vojskata-brojot-na-novi-sluchai-vo-kina-e-dvojno-zgolemen-za-eden-den/

 

Во Индија, каде муслиманите сочинуваат 14 отсто од населението од 1,4 милијарди, хиџабот не бил забранет во јавниот живот низ историјата.