За Бајден, Путин е виновен за рекордната инфлација во САД

Сподели со своите пријатели

Бајден зборуваше за планот за спас на американската економија и го спомна Путин.

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и пандемијата на Ковид се причините за рекордната инфлација во САД и додаде дека зголемувањето на цената нема никаква врска со политиката на неговата администрација.

„Знаеме дека американските семејства се борат со растечките цени. За да биде јасно зошто цените се високи сега, постојат две причини. Првата е поради начинот на кој функционира глобалната економија. Пандемијата направи бројни прекини на синџирот на снабдување, а синџирот на снабдувањето е многу важен, затоа што материјалот доаѓа од целиот свет“, рече Бајден, пренесе Фокс њуз.

 

Украина е загрижена поради нападот на Русите од уште една земја

 

Бајден потоа го спомна својот руски колега.

„Втората причина, големата причина за инфлацијата, е Владимир Путин. Ја видовме цената на гасот над доларот откако тој ги стави своите војници на границата со Украина. Таа отиде до доларот и пет центи“, рече Бајден.

Американскиот претседател тврди дека сегашното поскапување на бензинот најмногу се должи на Путин и дека сето тоа нема врска со Планот за спас на економијата.

„Ќе го поправиме сето тоа“, рече Бајден.