Украинскиот претседател Володимир Зеленски во среда ќе се обрати пред претставниците на Конгресот на Соединетите Американски Држави, јавува агенцијата Андолу (АА).
Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер испратија писмо до сите членови на двата дома на американскиот Конгрес.
Украина и ЕУ ја обвинија Србија дека ѝ помага на Русија, за Вучиќ тоа е хајка
– Украинскиот претседател ќе им се обрати на членовите на Претставничкиот дом и на Сенатот на заедничка седница на 16 март, со почеток во 9 часот – се наведува во писмото.
Во писмото се наведува и дека САД ќе продолжат да го поддржуваат народот на Украина.