Песков: Русија има доволно сила! Продолжуваме со операцијата по планот!

Сподели со своите пријатели

„Руската специјална воена операција во Украина продолжува во согласност со првичниот план и ќе биде завршена навреме и целосно спроведена“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Русија има доволно потенцијал да спроведе специјална воена операција во Украина. Операцијата се одвива согласно првичниот план и ќе биде завршена навреме и целосно – нагласи Песков.

 

Најмалку 20 загинати во украинскиот напад на Доњецк

 

Песков рече и дека Русија не побарала помош од Кина за спроведување на специјална воена операција во Украина.

Американските медиуми „Фајненшл тајмс“ и „Вашингтон пост“ објавија претходно, повикувајќи се на неименувани американски претставници, дека Русија побарала од Кина воена опрема откако таа го започнала нападот на 24 февруари.

 

Најмалку 20 загинати во украинскиот напад на Доњецк

 

Американските власти потоа го предупредија Пекинг дека ќе има последици доколку Кина се обиде да и помогне на Русија да ги надомести загубите од западните санкции.

Како „дезинформација“, Кина ги отфрли тврдењата на американските официјални лица дека Русија побарала од Пекинг воена помош за акциите во Украина.