Најмалку 20 загинати во украинскиот напад на Доњецк

Сподели со своите пријатели

Си-Ен-Ен пишува дека видео снимките од Доњецк покажуваат загинати на градските улици како и голем број повредени.

Додаваат дека од проектилот се гледаат траги, но не се знае кој го испукал и од каде дошле.

 

Украинците го гаѓаа центарот на Доњецк, најмалку 20 загинати (ФОТО+ВИДЕО)

 

– Во овој момент можеме да зборуваме за најголем број цивилни жртви како резултат на еден напад. Загинаа околу 20 луѓе, но тоа не е конечната бројка – изјави Денис Пушилин, лидерот на т.н. Народна Република Доњецк за руската телевизија. Тој го нарече воено злосторство.

Штабот за територијална одбрана, т.н НРД ја обвини украинската армија за лансирање ракети.

– Украинските вооружени сили уште еднаш го искористија тактичкиот ракетен систем во станбените области на Доњецк, со цел да предизвикаат геноцид и да ја уништат важната цивилна инфраструктура во главниот град на Републиката – рече Пушилин.

 

Како санкциите влијаат врз животот на Русите?

 

Во интервју за друга руска телевизија, тој рече дека руските сили успеале да го погодат овој тактички проектил, но дека сепак направил голема штета.

Си-Ен-Ен пишува дека за коментар се обратил до украинскиот министер за одбрана.