Индија би можела да ја купи руската нафта по намалени цени?

Сподели со своите пријатели

Индија размислува да прифати руска понуда за нафта и други стоки по намалени цени, покрај плаќањето во трансакции во рупии и рубљи, изјавија индиски официјални лица.

Loading...

Индија задоволува 80 отсто од побарувачката за нафта со увоз, со учество од два до три отсто во руската нафта. Но, цената на нафтата порасна за 40 отсто оваа година, па владата има намера да го зголеми увозот од Русија доколку може да ги намали зголемените трошоци за енергија.

 

Почнаа новите преговори меѓу Украина и Русија

 

„Русија нуди нафта и други стоки со големи попусти. Тоа со задоволство ќе го прифатиме. Треба да решиме некои проблеми, како што се танкери, осигурување и (нафта) мешавина. Откако ќе ги решиме, ќе ја прифатиме понудата со попуст“, рече еден индиски владин претставник.

Некои меѓународни трговци ја избегнуваат руската нафта со тоа што не се изложуваат на санкции наметнати на Москва поради инвазијата на Украина, забележува Ројтерс.

Индиските власти, кои сакале да останат анонимни, не кажаа колку нафта планираат да купат или колкав попуст им е понуден.

Loading...

 

Украинците го гаѓаа центарот на Доњецк, најмалку 20 загинати (ФОТО+ВИДЕО)

 

Едниот рекол дека санкциите не го попречуваат индискиот увоз, а другиот дека се работи на механизам за размена со плаќање во рубљи и рупии, што ќе се користи за плаќање нафта и други стоки.

Министерството за финансии веднаш не одговори на барањето да се коментира најавата за купување руска нафта.

Индиската влада очекува увозните трошоци да скокнат во новата фискална година, која започнува во април, за 50 милијарди долари. Во фискалната година, тие веќе ги удвоија трошоците за субвенции, а во понеделникот одобрија дополнителни 149 милијарди индиски рупии (1,94 милијарди долари).

Во таква ситуација Њу Делхи размислува за евентуално купување на поевтини суровини од Русија и Белорусија за производство на ѓубрива.

 

Loading...

Украинците го гаѓаа центарот на Доњецк, најмалку 20 загинати (ФОТО+ВИДЕО)

 

Владата очекува субвенциите за вештачко ѓубриво во новата финансиска година да бидат најмалку 200 до 300 милијарди рупии повеќе од моментално проценетите 1.050 милијарди рупии, рекоа двајца официјални лица.

„Доколку можеме да добиеме поевтино ѓубриво од Русија, ќе ја прифатиме понудата. Тоа би ни олеснило дел од нашите фискални проблеми“, вели еден функционер.

Русија ги повика „пријателските земји“ да ги зачуваат трговските и инвестициските врски. Индија со години соработува со Русија на полето на одбраната и се воздржа од гласање во Обединетите нации за осуда на руската инвазија, но повика на прекин на насилството.

 

Украина: Соборивме четири руски авиони во еден ден

 

Loading...

Рускиот производител на нафта Сургутнефтегаз испорачал на кинеските купувачи нафта без акредитив (LC) за да ги заобиколи санкциите, дознава Ројтерс од неименувани извори.