Австралија и Холандија ја тужат Русија за падот на авионот МХ17

Сподели со своите пријатели

Австралија и Холандија поднесоа тужба против Русија пред Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на ОН за соборување на авион на летот МХ17 „Малезија ерлајнс“ во 2014 година над Украина, соопшти денеска австралиската влада.

 

 

Почнаа новите преговори меѓу Украина и Русија

„Одбивањето на Руската Федерација да преземе одговорност за својата улога во соборувањето на МХ17 е неприфатливо и австралиската влада отсекогаш вели дека нема да отфрли никаква правна опција во нашата потрага по правдата“, се наведува во изјавата на австралискиот премиер Скот Морисон, министерката за надворешни работи Мариса Пејн и државниот обвинител Михаелија Кеш, а пренесува CNN.

„Во октомври 2020 година, Русија еднострано се повлече од преговорите со Австралија и Холандија во врска со соборувањето на летот МХ17 и одби да се врати на преговарачката маса и покрај постојаните барања од Австралија и Холандија“, се додава во соопштението.

 

Украина: Соборивме четири руски авиони во еден ден

 

Двете земји тврдат дека Русија ги снабдувала сепаратистите со ракетниот систем користен во нападот, а потоа го вратила.

„Ракетата можеше да биде истрелана само од руски екипаж обучен во ракетниот систем Бук-ТЕЛАР, или барем некој што дејствувал под нивни инструкции или контрола“, се додава во соопштението.

Авионот MH17 на летот Амстердам-Куала Лумпур беше соборен во јули 2014 година во Украина, а 298 луѓе во него беа убиени.