Кадиров им порача на Украинците: Предадете се или ќе ве погубиме

Сподели со своите пријатели

Рамзан Кадиров, претседателот на Чеченија, во понеделникот изјави дека е во Украина заедно со руските сили кои ја предводат офанзивата во таа земја.

Loading...

Кадиров, кој е обвинет од меѓународните невладини организации за тешки прекршувања на човековите права во строго контролираната кавкаска република, објави своја фотографија во воена униформа на Телеграм како ги проучува плановите со војниците.

 

Подољак: Ќе разговараме за мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции

 

Тој во пораката наведува дека видеото е снимено на Хостомел, аеродром во близина на Киев, кој бил окупиран од руските сили во првите денови од нивната офанзива.

Оваа информација не можеше да биде независно проверена, пренесува France 24.

– Пред некој ден бевме на околу 20 километри од вас, киевските нацисти, а сега сме уште поблиску – напиша Кадиров.

Loading...

 

Подољак: Ќе разговараме за мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции

 

Тој ги повика украинските сили да се предадат „или ќе бидете погубени“.

– Ќе ви покажеме дека руската практика подобро ја учи војната според теоријата и препораките на воените советници – додаде тој.

Кадиров, кој владее со Чеченија со челична тупаница, е поранешен бунтовник кој стана сојузник на Кремљ и има паравоени сили под негова команда.

 

Русите гаѓале 187 објекти на вооружените сили на Украина

Loading...

 

На почетокот на руската офанзива, на социјалните мрежи кружеа слики на кои се гледа плоштад во главниот град на Чеченија, Грозни, полн со војници кои тврдат дека се на пат за Украина.

Силите на Кадиров се обвинети за бројни злосторства во Чеченија.