Во Мариупол загинале 2.500 луѓе, тврди советникот на Зеленски

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинатите во Мариупол се искачи на 2.500, јавува Sky News.

Loading...

Тоа утрово го изјави советникот на Зеленски, Алексеј Арестович.

 

СИПРИ: Европа, нова „жешка точка“ за увоз на оружје во светот

 

„Се проценува дека најмалку 2.500 луѓе загинале во јужниот пристанишен град Мариупол од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари“, рече Арестовиќ, додавајќи дека бројката ја пријавила градската управа на Мариупол.

Арестович ја обвини Русија дека уште еднаш спречила хуманитарна помош да пристигне во опколениот град во неделата.

 

Loading...

„Тврдењата дека Русија побарала воена помош се дезинформации“

 

Се стравува дека резервите на храна во пристаништето на Црното Море се при крај, а Црвениот крст неодамна објави дека истекува времето за спасување на заробените во Мариупол.

„Скај њуз“ потсетува дека бројните обиди за евакуација на цивили од градот пропаднале, а денеска треба повторно да се воспостави коридор за хуманитарна евакуација.