Компанијата Максар ја сними првата сателитска снимка на Змискиот остров по нападот на руските сили.
Да потсетиме, за време на нападот на Змискиот остров на 24 февруари беа снимени аудио пораки, односно комуникација меѓу руските и украинските сили во областа.
Украина тврди: Русите го гранатираа аеродромот Антонов (ВИДЕО)
Капетанот на рускиот брод наводно им рекол на Украинците: „Предлагам да го оставите оружјето и да се предадете за да избегнете крвопролевање и непотребни жртви“.
Стражарите одговориле: „Руски воен брод – е*и се!“
Првично, украинските власти објавија дека се убиени сите нивни војници на Змискиот остров, но подоцна рекоа дека војниците се заробени, дека се живи и во добра здравствена состојба, пишува Си-Ен-Ен.
The image, taken on Sunday by Maxar Technologies, shows damage to some buildings from Russian military strikes, as well as a Russian naval vessel anchored in the Black Sea. https://t.co/dIvGmXNh3F
— CNN International (@cnni) March 14, 2022
Според украинската морнарица, воена единица на островот успеала да одбие два напади на руските сили, но на крајот била принудена да се предаде поради недостиг на муниција.
Властите во Украина тврдат дека Русите ја уништиле инфраструктурата на островот, вклучувајќи светилници, кули и антени, пишува CNN.
Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)
Најновата сателитска снимка покажува дека некои од зградите со црвени покриви во центарот на островот претрпеле значителна штета по ракетирањето.
Иако делови од островот се покриени со снег, на островот може да се видат ударни кратери по падот на ракетата.
Максар наведува дека на снимката го идентификувал бродот и дека се работи за летало од класата Ропуча.