Од почетокот на 2022 година, Кина пријавила повеќе локални симптоматски случаи на ковид-19 отколку што забележала во текот на целата минатата година, бидејќи високо преносливиот вид омикрон предизвикува ширење на епидемијата од Шангај до Шенжен.
Континентална Кина објави 1.337 нови локално пренесени случаи на инфекција со Ковид со потврдени симптоми на 13 март, објави денеска кинеската Национална здравствена комисија (НХЦ), пренесува Ројтерс.
Така, вкупниот број на случаи на Ковид оваа година се зголеми на повеќе од 9.000, во споредба со 8.378 случаи регистрирани во целата 2021 година, според Ројтерс.
Официјални лица во Шенжен привремено го прекинаа јавниот превоз и ги повикаа граѓаните да работат од дома, бидејќи тестирањето се спроведува низ градот оваа недела по порастот на нови случаи.
Украина тврди: Русите го гранатираа аеродромот Антонов (ВИДЕО)
Компаниите Foxcon и Unimkron, добавувачи на „Apple“, денеска ги прекинаа своите деловни активности во Шенжен.
Во североисточниот град Чангчун, кој моментално е под блокада, Toyota го прекина производството во своето заедничко вложување со кинеската групација FAW.
Што се однесува до „увезените“ случаи, Кина објави 1.437 нови потврдени случаи на ковид на 13 март, во споредба со 1.938 еден ден порано.
Од вчера, Кина пријавила вкупно 116.902 случаи на ковид со потврдени симптоми, локални и „увезени“, од почетокот на пандемијата.