Макрон и Бајден го засилуваат притисокот врз Путин

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Франција и на САД, Емануел Макрон и Џозеф Бајден, за време на телефонски разговор се договориле да ги интензивираат санкциите против Русија, соопшти денеска прес-службата на францускиот претседател.

„Лидерите на двете земји се согласија да ги заострат сегашните мерки во врска со санкциите против Русија, да ѝ дадат поддршка на Украина и заеднички да ги усвојат сите иницијативи насочени кон запирање на непријателствата“, се додава во соопштението, а пренесува руската агенција ТАС С.

 

Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)

 

Се наведува и дека Макрон изразил сочувство за смртта на американскиот новинар Брент Рено, кој беше убиен во Украина.

Американскиот новинар Брент Рено, кој беше убиен во Украина, работел на проектот за светската бегалска криза за магазинот Тајм, објави њујоршкиот двонеделник.

Белата куќа потврди дека Бајден разговарал со Макрон за актуелните настани во Украина.

 

Почина трудницата чија слика го обиколи светот по бомбардирањето на породилиштето

 

Двајцата лидери „го разгледаа неодамнешните дипломатски ангажмани и ја истакнаа нивната посветеност да ја повикаат Русија одговорна за нејзините постапки, како и да ја поддржат владата и народот на Украина“, се вели во соопштението на Белата куќа.