Свештеник од Мариупол: Бомбардирани сме и дење и ноќе

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои успеале да побегнат од Мариупол раскажуваат за Би-Би-Си за сцените на очај во градот каде што руските сили ги засилиле нападите.

Еден од нив е и свештеникот Павел Комашевски. Тој рече дека станбените области биле бомбардирани непрекинато дење и ноќе со авиони кои рикаат над главата и чии проектили паднале во градот.

 

Денеска продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина, ќе се одржат онлајн

 

Како што рече, со губење на струја, храна и вода, жителите почнале масовен грабеж на продавници и аптеки.

Комашевски рече дека заминал пред неколку дена во колона од околу стотина автомобили.

Плановите за евакуација преку хуманитарниот коридор беа напуштени поради руското гранатирање.

 

Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)

 

Тој рече дека конвојот бил вратен на руски контролен пункт, но локалните возачи понудиле поинаков пат низ областа контролирана од украинските сили.